Крајно неизвесен и интересен натпревар ноќеска одиграа екипите на Бостон Селтикс и Торонто Репторс. Натпревар кој во регуларниот дел заврши без победник (98:98), па мораше да се играат дури две продолженија за да се добие мечот. Пред крајот на второто продолжение, Бостон со тројка се врати во игра намалувајќи на поен предност, но потоа Канѓаните со две слободни фрлања дојдоа до конечна победа (125:122).Кајл Лаури со 33 поени беше најефикасен кај “рептилите”, додека Џејлен Браун од Бостон постигна 31 поени “зачинети” со 16 скокови. Трипл-дабл оствари Маркус Смарт од поразената екипа со скор од 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции, но залудно. Решавачкиот 7-ми натпревар кој ке одлучи кој од овие два тима ке влезат во финалето на Источната конференција се игра за два дена. Во финалето, свое место веќе избори тимот на Мајами Хит.
NBA FAN
Димитар Младеновски