NBA колумна на Димитар Младеновски-Турскиот џин со шокантен професионален трансфер

1356

Турскиот кошаркар, Енес Кeнтер одлучи по завршувањето на кариерата да премине во (познатата) “кечерска лига – WWE“. Центарот на Бостон Селтикс изјави дека добил понуда за повеќе годишен договор. 27 годишниот Кентер планира да го прифати овој предизвик по завршувањето со професионалното играње кошарка. Ова нема да биде прв случај во кој професионален кошаркар настапил во WWE. Во 1997 година легендарните Денис Родман и Карл Мелоун имаа меѓусебен дуел.Турскиот џин од 210 цм. напомена дека неговиот план е да остане најмалку уште 6 до 7 години во најдобрата кошаркарска лига. Кентер веќе имаше настап со најдобрите “кечери“ во септември 2019 година кога успеа да го освои појасот во категоријата “24/7“. Поранешниот трет пик на драфтот ја игра својата 9-та NBA сезона. Настапуваше за Јута, Оклахома Сити, Њу Јорк, Портланд, а летото 2018 се приклучи на тимот на Бостон Селтикс, каде што сеуште е активен член. Важи за еден од најголемите борци на теренот, како и најпосакувани соиграчи поради својата харизма и забавен карактер.

NBA FAN

Димитар Младеновски