NBA колумна на Димитар Младеновски-“Волшебникот” Махмуд Абдул-Рауф (ВИДЕО)

2100

Махмуд Абдул-Рауф (роден како Крис Џексон) ја има една од најинтересните и најконтроверзни животни приказни. Човекот кој играше на речиси исто ниво како денешната супер ѕвезда, Стеф Кари, но 20 години пред него.

Роден 1969 година во Гулфорт (Мисисипи). Ужасни проблеми во текот на детството. Тогаш малиот Крис Вејн Џексон страдаше од Туретов синдром, состојба што не му беше дијагностицирана се до неговата 17-та година.

Имаше одличната универзитетска кариера во престижниот универзитет LSU, каде величина како Шекил О’Нил беше втор играч позади него. Во дресот на “тигрите” од Луизијана поставуаше поентерски рекорди. Најсилината претстава ја имаше против Флорида кога постигна 53 поени, а само десет дена подоцна уфрли фантастични 55 поени против универзитетот на Мисисипи (тимот од неговиот роден крај).

Две години по ред беше биран за колеџ играч на годината. Неговиот дрес со број 35 беше повлечен од употреба како еден од најзаслужните атлети во универзитетската историја.
По две импресивни сезони на универзитетско ниво, пристигнува во најсилната лига во светот како (висок) трет избор на драфтот 1990 година, од страна на Денвер Нагетс.

Во Денвер одигра 6 сезони. Стана еден од најелитните шутери во NBA. И покрај неговите поентерски квалитети остана запаметен по контоверзната одлука да не застане на интонирањето на химната на С.А.Д. За истото беше суспендиран и го навлече гневот врз себе. Откако го нарече знамето на Америка “симбол за угнетување”, проблемите му станаа секојдневие.

Иако предизвика контроверзии со своите одлуки, сепак Абдул-Рауф сеуште беше силно посакуван од NBA тимовите. Две години го носеше дресот на Сакраменто Кингс. Играше одлично, и во 106 натпревари за “кралевите”даваше полн придонес за тимот и покрај лимитираната минутажа која ја добиваше.

На 29 годишна возраст замина за Турција каде имаше сосема успешна сезона носејќи го дресот на Фенербахче. Се враќа во NBA преку Ванкувер Гризлис а потоа не добива нова шанса да ги покаже своите квалитети. За многумина главна причина за тоа е неговот “контроверзно” минато.

Кариерата ја продолжува преку барата. Играше во Русија, Италија, Грција и Саудиска Арабија во период од четири години. Покрај одличната форма, никогаш повеќе не беше поканет од ниеден NBA тим за да ја докаже својата вредност. Кариерата ја заврши во дресот на Кјото, во Јапонија на негови 42 години.
Последните три години со успех настапува во летната “BIG 3” лига каде (на 50 годишна возраст) со неверојатна леснотија се справува со двојно помладите противници.“Волшебникот” (како што го нарекуваа) никогаш не беше вистински и комплетно разбран од страна на јавноста. Абдул-Рауф многупати губеше инерес за кошаркарската игра но секогаш се враќаше на својата најголема љубов.

Следува видео со неговата приказна.
Уживајте…

NBA FAN
Димитар Младеновски