NBA колумна на Димитар Младеновски-Враќањето на “жешките” (ВИДЕО)

899

Тимот на Мајами Хит продолжуваат со одличните партии по лошиот старт на првенството. Синоќа на домашен терен ја совладаа Атланта (со 109:99) и ја остварија шестата последователна победа. “Јастребите” паднаа во Американ Ерлајнс центарот и само дополнително си ја отежнија тимската позиција во која се наоѓаат. “Жешките” ја најдоа својата вистинска игра и продолжуваат да се искачуваат во горниот дел од табелата на Источната конференција. Во последните 6 натпревари имаат 100 % успешност. И покрај тоа што настапија без својот најдобар играч (Џими Батлер) тимот од Флорида ја продолжи победничката серија. Најрасположен за игра беше бекот Кендрик Нан со 24 поени а центарот Бем Адебајо имаше дабл-дабл учинок сочинет од 16 поени и 13 скокови.Кај гостинскиот тим, Џон Колинс беше најдобар поединец со 34 поени, а Треј Јанг постигна (за него прескромни) 15 поени. Со новата победа, тимот на Мајами дојде до 50% во победи и порази (17-17) со што се искачи на петото место во Истокот.

NBA FAN

Димитар Младеновски