Уште на првиот ден од преродниот рок бевме сведоци на голем број новини во најсилната лига на светот.Најмногу се засили актуелниот шампион. Лос Анџелес Лејкерс потпиша договор со најдобрата резерва од ланската сезона, крилниот центар Монтрезл Херл. Aтлетското крило доаѓа од соседниот тим (Лос Анџелес Клиперс) и ке заработи 19 милиони долари во наредните две години. Веднаш потоа следуваше официјализација на договорот со ветеранот Весли Метјус, за кој претходно пишувавме. “Вес” ке добие минимален едногодишен договор од 3.6 милиони долари. Добри вести се и враќањето на агресивниот Маркиф Морис кој остана верен на “езерџиите”.
Иако се очекуваше центарот Двајт Хауард да остане во Лос Анџелес, тој сепак се реши да премине во Филаделфија.
Стивен Адамс има нов тим. Неуморниот борец од Нов Зеланд ја напушта Оклахома и во новото првенство ке настапува за младиот и талентиран тим на Њу Орлеанс Пеликанс.
Детроит Пистонс сериозно ја засили центарката позиција доведувајќи го двоецот Мејсон Пламли и Џалил Окафор. Освен високиот тандем, “клиповите” во своите редови го доведоа еден од најпосакуваните крилни играчи, младиот и перспективен Џереми Грент кој ке ги брани нивните бои за плата од 20 милиони долари годишно. Ова беше очекуван потег од управата на “градот на автомобилите” имајќи во предвид дека во истиот ден го загубија едно од најперспективните крила во NBA, ланското големо изненадување Кристијан Вуд кој замина во Хјустон. Вуд ке заработи 41 милион долари во наредните 3 години и претставува прво засилување за тимот од Тексас во овј преоден рок.
Мајами Хит го задржа “словенскиот змеј”. Горан Драгич (апсолутно заслужено) има нов договор со “жешките”. Ветеранот ке добие речиси 38 милиони долари во наредните 2 години. Центарот на Мајами, Majерс Леонард и наредните две години ке остане на Флорида а за неговата верност ке добие 20 милиони долари. Единствен удар за ланскиот вице шампион е заминувањето на Дерик Џоунс Јуниор во Портланд.
Кога сме веќе кај Портланд, освен “летачкиот” Џонс, “блејзерси” направија размена со која го вратија назад турскиот центар Енес Кентер во размена за хрватот Марио Херзоња. Кентер беше вистински миленик на навивачите кога настапуваше во Орегон пред 2 години.
Италианскиот ветеран Данило Галинари е пред потпис со тимот на Атланта Хоуск. Се договараат деталите а за овој потег “Гало” би заработувал над 20 милиони годишно. “Јастребите” би добиле убиствен шутерски тандем во Треј Јанг и Галинари во нападот.
Ова е само почеток на преодниот рок. Со оглед на тоа колку новости имавме во само првите часови, се очекуваат нови возбудувања во деновите кој следат.
NBA FAN
Димитар Младеновски