NBA колумна на Димитар Младеновски-“Змејот од Словенија” го води Мајами кон финалето (ВИДЕО)

1277

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 106:101 и поведоа со 2:0 во полуфиналната серија на Истокот. До победата, “жешките” дојдоа по неизвесната завршница. Ова претставува клучен чекор кон големото финале имајќи во предвид со каков интензитет и неисцрпна енергија настапија адутите на тренерот Ерик Сполстра. Тимот од Флорида ја продолжува својата успешна приказна.Натпреварот го одбележа нова феноменална партија на Словенечкиот плејмејкер Горан Драгиќ. “Змејот” постигна 25 поени и реализираше 5 асистенции. Бостон прв стигна до водство, дури двоцифрено, бидејќи постигна +17 поени на крајот од вториот дел. Селтикс имаа висока предност и на почетокот на третата четвртина, но Мајами подоцна потврди дека во овој плеј-оф нема сигурна предност. Селтикс имаа напад за изедначување на крајот од мечот, но Џејлен Браун промаши шут за продолжение.Покрај Драгиќ, во тимот на Мајами одличен беше и “Аll Star” центарот Бем Адебајо со 21 постигнат поен. Следниот меч се игра за 2 дена.

NBA FAN

Димитар Младеновски