Драги читатели стартуваме со редовна НБА колумна секој вторник, а наш ценет колумнист е Димитар Младеновски, кој долги години ги следи сите прилики во НБА лигата. Се надеваме ќе не следите, а Димитар ќе се обиде да го задржи Вашето внимание, со интересни теми, анализи и ретроспективи.
(10 причини зошто најдобриот тим во моментов не е ништо повеќе од солиден тим)
Toronto Raptors е првопласиран тим во NBA и хит на сезоната до сега. Тимот кој ова лето се реши својот најдобар играч во тимската историја (DeMar Derozan) да го трејдува за еден од најдобрите All-Around играчи во лигата (Кawhi Leonard), за многумина преставуваше изненадување, посебно имајќи во предвид дека веќе следното лето тој е слободен играч и може да потпише за тим по негова желба. Накратко наведуваме 10 причини зошто Рептили-те не се толку силни колку што во мометов изгледаат и зошто може скапо да ги чини нивното “коцкање” со потезите кој ги направија:
10.Тенка клупа
Освен Fred VanVlet (кој е сеуште млад за да превземе улога на лидер) и Jonas Valanciunas (голем борец и адут во нападот), Raptors-и реално немаат некој џокер од клупа кој би и тоа како значи во playoff натпревари.
9.Tренерот на тимот
Nick Nurse e неспорно дека има насобрано искуство до сега но никогаш не бил главен тренер на тим. Само за потсетување-ланскиот тренер на годината Dwayne Casey беше отпуштен од нивна страна кој со своето искуство и методи и тоа како беше важен за успехот на овој тим.
8.Издржливост
Огромен фактор на долгорочниот успех на секој тим е здравјето на играчите. Првиот играч на тимот (Kawhi Leonard) се враќа по тежок период последните 18 месеци мачејќи се со повреди, а остатокот од ростерот не го красат играчи спремни да играат со повреди. Во моментов има 5 повредени играчи а сеуште е Декември.
7.Истокот е сеуште слаб
4 тима кој на табелата се под Торонто имаат 1 до 3 порази повеќе од нив, што автоматски значи дека тимовите се толку изедначени по квалитет, што не ја одразува реалната слика која ја гледаме во моментов.
6.Tрет играч по квалитет
Во денешната NBA и тоа како е важно да се има т.н. “трета ѕвезда” во тимот кој ке го ослободи товарот од најдобрите два играчи кој го носат тимот. Pascal Siacam e пријатно изненадување но и покрај неговиот видлив потенцијал, сеуште го нема потребното искуство и квалитет да се носи со таа улога.
5.Играчи фактори за големи моменти
На оваа точка може да се каже многу. Неспорно е дека првиот игра на тимот Kawhi Leonard е NBA шампион и го има потребното искуство и квалитет да води тим но остатокот на тимот и тоа како во минатото потклекнувал во големи натпревари. Danny Green кој во предсезоната пристигна во тимот заедно со Leonard, пружа одлични партии. На ова може да се придодаде неуморниот Serge Ibaka но сепак, 3 играчи не се доволни за борба со ултра квалитетни и силни тимови.
4.”Бисерите” на тимот не добиваат шанса
Во предходните сезони во тимот играчи како младите и перспективни Norman Powell, О.Ј. Аnunoby, како и искусниот C.J.Miles добија минути да покажат што знаат и придонесуваа одлично. Оваа сезона добиваат многу помалку шанса да ги покажат своите квалитети, а со намалената минутажа се намалува и мотивот како и надежта дека ке придонесат во иднина за добар резултат.
3.Победите над актуелниот шампион
Неспорно е дека во двата меѓусебни дуели меѓу шампионот Golden State Warriors и Tоronto Raptors, Репторси пружија одлична игра и двапати излегоа како победници. Но, се заборава податокот дека во двата натпревара Warriors беа некомплетни и добро познатиот факт дека во последните 2 сезони шампионот не посветува премногу внимание на регуларниот дел на сезоната (темпира форма за натпревари од многу поголемо значење). Истите овие Raptors-и во меѓувреме изгубија 2 меча од Milwaukee Bucks (тим веднаш под нив на табелата) и уште 2 порази од тим сличен по состав на нивниот – Denver Nuggets.
2.”Сомнителни лидери”
Kyle Lowry е несомнено одличен плејмејкер и во моментов прв асистент во лигата и по мое лично мислење меѓу најдобрите 5 на својата позиција. Единствен проблем е што во минатото како ке завршеше регуларниот дел на сезоната и започнуваше playoff-от кај Lowry како по правило настанува јасно изразена намалена ефикасност. На моменти најдобриот “плеј” во лигата исчезнувашепод притисок во натпревари кој се од најголемо значење.
1.Релацијата помеѓу играчите и управата
Уште од времето на легендарниот Vince Carter градот не бил атрактивна дестинација за слободни играчи. Ретко кој по своја желба дошол да игра за единствениот тим од Канада. Во текот на годините Репторси како организација доведоа еден куп докажани професионалци (генералниот менаџер Masai Ujiri) чија главна цел беше градење на тим кој ке биде најпрво респектабилен, а потоа и фаворит. Но кога на местото на нај лојалниот играч во историјата на вашата франчиза (DeMar DeRozan) носите играч (Kawhi Leonard) кој веќе следната година може да ве напушти во најмала рака делува ризично. Истиот тој играч кој е донесен оваа сезона сврте грб на организација како San Antonio Spurs која е пример за стабилност и ред, нешто што во моментов е мисловна именка за Toronto Raptors. Kawhi замина од предходниот тим кога требаше да биде несомнен лидер на тимот.
И за крај, кога играчот со најдолг статус во тимот (Kyle Lowry) отворено во јавност изјавува дека едноставно не комуницирано со управата на тимот е голем црвен аларм и рецепт за неуспех.
NBA FAN
Димитар Младеновски