NBA-Леброн повторно доминантен (ВИДЕО)

913

На синоќешниот меч во Бруклин, најпосле дојдоа добри вести за “лејкерси”. Се врати Ентони Дејвис по подолга пауза и по санирање на повредата, во првиот натпревар назад во составот одигра 25 минути во кој постигна 8 поени. Натпреварот го одбележа брза, прецизна и (конечно) ефикасна игра на “лејкерси”. Водеа од почеток до крај и заслужено извојуваа победа од 106-96.

Леброн Џејмс повторно докажа дека годините за него се само бројка. Како многу пати сезонава, беше на MVP ниво реализирајќи 33 поени и 6 асистенции. Посебно беше импресивна секвенцата во последната четвртина кога во два наврати по ред украде топка и атрактивно заби за потврда на гостинската победа. Втор стрелец во составот беше Малик Монк кој реализира 22 поени. Новодојдениот бек претставува едно од ретките пријатни изненадувања сезонава во тимот од “Ел-Еј”.

Лејкерси со новиот триумф се вратија на 50% успешност. Во моментов имаат 24 победи и 24 порази и се наоѓаат на осмата позиција во Западот.

NBA FAN

Димитар Младеновски