NBA-Леброн во MVP форма (ВИДЕО)

880

Лејкерси се враќаат на победничките патеки. Во “Калифорнискиот двобој” на домашен терен ги покорија “кралевите” од Сакраменто со 122-114.Леброн Џејмс повторно беше инзвонреден. “Кралот” постигна 31 поени продолжувајќи ја серијата фантастични партии во низа. Џејмс има просек од скоро 29 поени по меч, најмногу од 2010 година па наваму. Токму Леброн беше клучен за фуриозната серија на “езерџиите” во последната четвртина која го одлучи победникот. Одлична партија пружи Малик Монк со 24 поени, следен од Расел Вестбрук и Телен Хортон-Такер кој постигнаа по 19. Со третиот триумф по ред, Лејкерси се наоѓаат на седмата позиција во Западот со скор 20-19.

NBA FAN

Димитар Младеновски