NBA-Лејкерси конечно победија, шампионите повторно поразени од аутсајдер (ВИДЕО)

484

Најинитересното од синоќешните NBA натпревари.

Лос Анџелес Лејкерс конечно ја остварија првата победа сезонава, победувајќи го Денвер Нагерс со 121:110.
Најдобар во тимот повторно беше Леброн Џејмс со 26 поени и 8 асистенции следен од Ентони Дејвис со 23 поени и 15 скокови.
На спротивната страна, Никола Јокич оствари “дабл-дабл” од 23 поени и 14 скокови.

Далас го совлада Орландо со 114:105 на меч во кој Лука Дончич оствари ново историско достигнување. Словенечката ѕвезда постигна 44 поени и стана првиот играч по Мајкл Џордан кој на првите 6 натпревари од првенството ја надминал границата од 30 поени, на сите натпревари.
На спротивната страна, првиот пик на драфтот Паоло Банчеро беше најпрецизен со 28 постигнати поени.

Голден Стејт Вориорс гостваше на Детроит Пистонс и на втор меч по ред беа изненадени од апсолутен “аутсајдер”.
Само еден ден по неочекуваниот пораз од Шарлот, актуелниот шампион загуби уште еден натпревар од далеку послаб противник од себе (128:114).
Четири играчи на “пистонси” ја надминаа границата од 20 постигнати поени а водечки беше Садик Беј со 28 поени.
Кај “воините”, Џордан Пул постигна 32 а Стеф Кари 30 поени но, бековскиот тандем беше единствено расположен за игра што се покажа недоволно за гостински триумф.

NBA FAN
Димитар Младеновски