NBA-Лидерот падна во Филаделфија (ВИДЕО)

940

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Филаделфија 76ерс. “Воините” гостуваа во “Велс Фарго” центарот, во обид да го задржат водечкото место во лигата.

Натпреварот во најголемиот дел беше неизвесен но, фуриозната последна четвртина на домаќините донесе победа од 102-93. Токму последниот период “сиксерси” го добија со 12 поени предност што беше клучно за конечниот епилог. Лидер кај победникот беше Џоел Ембид со 26 поени (без промашување од линијата за слободни фрлања 11/11) следен од Тобајас Херис со 16 поени. На спротивната страна, младиот Џордан Пул беше лидер со 23 поени, следен од Ендрју Вигинс со 20 поени. Стеф Кари имаше лоша шутерска вечер (6 од 20) и постигна за него скромни, 18 поени. Во моментов му недостасуваат уште само 6 успешни обиди за три поени за да избие на првото место на вечната листа на најдобри “тројкаши” на сите времиња. Лидер е Реј Ален со 2973 погодени тројки а неспорно е дека набрзо Кари ќе го превземе лидерското место. Со овој пораз, Голден Стејт го загуби лидерското место во NBA со скор 21-5, каде сега се наоѓа Феникс Санс со еден пораз помалку (21-4).

NBA FAN

Димитар Младеновски