NBA-Лори Марканен стана добитник на вредна награда (ВИДЕО)

693

Лори Марканен (сосема заслужено) ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона.

Финскиот репрезентативец имаше одлична сезона во која просечно постигнуваше речиси 26 поени и 9 скокови по натпревар. Во исклучително силна конкуренција, крилниот центар на Јута Џез освои 69% од гласовите, пред Шеј Гилгес-Александер од Оклахома и Џејлен Брансон од Њу Јорк.

25-годишниот Марканен ја одигра својата шеста NBA сезона, прва во дресот на тимот од Солт Лејк Сити во која се здоби со статус на “All-Star” играч. Пред да пристигне кај “џезерите” одигра 4 сезони во Чикаго и една сезона во Кливленд. Годинава стана првиот играч во историјата кој успеа да постигне преку 200 тројки и 100 забивања во едно првенство.

Уживајте во најубавите потези од страна на играчот кој најмногу напредуваше сезонава.

NBA FAN
Димитар Младеновски