NBA-Лука брилијантен во Бруклин (ВИДЕО)

521

Бруклин го пречека Далас во најинтересниот натпревар од синоќешната NBA програма.

По продолжението, гостите од Тексас извојуваа голема победа од 129:125. Мечот го обележа фантастичниот учинок на Лука Дончич кој оствари “трипл-дабл” од 41 поен, 14 асистенции и 11 скокови.
Словенечкиот суперстар погоди три шута по ред во дополнителните 5 минути игра и (сосема оекувано) беше најзаслужниот за тимскиот успех. Овој меч претставуваше 47-ми на кој Дончич постигнува “трипл-дабл” а влезе и во посебно друштво како (само) 10-ти играч во историјата на NBA кој бил двоцифрен во три категории, а притоа да ја помине границата од 40 постигнати поени.

Кај “нетси” Кајри Ирвинг постигна 39 поени а Кевин Дурент 37 поени но, како и на претходните натпревари ѕвездениот тандем на домаќините немаа (речиси) никаква поентерска помош од остатокот на тимот. Со последниот пораз “мрежичките” имаат скор од 1-4, додека “мавси” се на 50% успех со 2 победи и 2 пораза во новото првенство.

NBA FAN
Димитар Младеновски