Далас Маверикс и Хјустон Рокетс направија размена рано утрово.
Двата тима од Тексас се решија за трампа која Кристијан Вуд го доведе во Далас а на спротивна страна пристигнуваат Бобан Марјанович, Треј Бурк, Маркис Крис, Стерлинг Браун и 26-от пик на овогодинешниот драфт.
Веќе подолг период се дискутираше околу можната преселба на Вуд во нов тим но, се чини дека токму оваа преселба изненади многумина. Лани во просек постигнуваше по 18 поени и 10 скокови по натпревар, со процент на реализација на шутевите од поле со над 50%. Од друга страна Далас се откажа од ротациони играчи а за возврат го доби еден од најперспективните центри на денешницата.
Според медиумите, Лука Дончич би требало да биде задоволен од потегот на управата. Вуд е атлетски најнадарениот играч со кој словенскиот суперстар досега имал можност да игра во исти тим. Ќе биде забавно да се гледа “пик-ен-рол” играта помеѓу нив двајца.
NBA FAN
Димитар Младеновски