NBA-Лука повторно кобен за “воините” (ВИДЕО)

458

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме натпреварот во “Американ Ерлајнс” центарот.

Далас Маверикс се судри со Голден Стејт Вориорс по втор пат во рок од 5 денови и по втор пат излезе како победник. Пред се поради маестралната партија на Лука Дончич “мавси” триумфираа со 122-113. Словенецот беше многу близу до трипл-дабл ефект постигнувајќи 41 поен, 10 скокови и 9 асистенции. Дориан Фини Смит и Спенсер Динуиди придонесоа во победата со по 18 односно 17 поени.

Со третата победа по ред, тимот од Тексас се наоѓа на петата позиција во западната конференција со 38 победи и 25 порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски