Од петте натпревари кој беа на синоќешната NBA програма, го издвојуваме дуелот помеѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс.Тимот од Флорида има одличен старт на новото првенство. На спротивната страна, нивниот противник од Масачусец поседува (најблаго кажано) разочарувачки почеток. Во овој натпревар, улогите беа променети. Натпреварот започна со одличен шут од страна на домаќините, пред се на Данкан Робинсон, за водство од +8 за “жешките”.All-Star крилото на “селтикси”, Џејлен Браун, пружа силна игра на двата краја од теренот и го топи водството на противникот. Тројката на Ерон Нејсмит им носи прво водство на гостите, од 31-28. Следува исклучително прецизен шут и серија тројки на Шрудер, Смарт и две на Браун за високо водство на полувреме (51-33).
Вториот дел започнува со многу поконкретна игра на играчите на Мајами. Бем Адебајо влегува во серија и го намалува водството. Силната одбрана на гостите е клучна во овој дел од мечот. Кајл Лаури и Џими Батлер, постигнуваат 7 поени по ред пред почетокот на последната четвртина и го доближуваат својот тим на -8. Од тогаш продолжува доминацијата на “селтикси”.
Кај Лаури претрпува повреда при несреќниот пад на соиграчот, Данкан Робинсон, над неговото лево колено. Младиот бековски тандем, Ленгфорд и Неисмит погодуваат неколку обиди по ред. Џејсон Тејтум, кој немаше своја вечер, постигнува 7 поени по ред и ја крева предноста на огромни +24 (резултат 90-66). Следува очајничка серија на Адебајо и Батлер, намалување на водството, но, за жал на домашните навивачи е прекасно за пресврт. Конечни 95-78, за голема гостинска победа на “келтите”.Одличната игра во одбраната и балансираниот напад на Бостон беа клучни за победата. Шест играчи имаа двоцифрен број на поени, предводени од Џејлен Браун со 17. За домаќините, Џими Батлер беше водечки со 20 поени. Овој пораз го симна Мајами од лидерското место во Источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски