Најинтересното од синоќешната NBA програма.
Њу Јорк Никс гостуваше во главниот град а нивниот “Аll-Star” пружи одлична претстава. Џулиус Рендл го израмни својот личен рекорд со 46 поени и беше најзаслужен за триумфот од 115:109. Рендл ја игра најдобрата сезона во кариерата а “Никси” стигнаа до четвртата победа по ред. Tимот од “Големото јаболко” во моментов се наоѓа на шестата позиција во Источната конференција.
Чикаго Булс го разнесе Бруклин Нетс со 131:87 во дебитантскиот настап на Петрик Беверли, во својот роден град. Во дебито за “Биковите”, Беверли беше стандардно одличен во одбраната а постигна и 8 поени. Прв стрелец за победникот беше Зек Лавин со 32 поени а дури 11 играчи се запишаа во листата на стрелците.
Милвоки Бакс стигна до 13-от триумф едно по друго откако извојува висока победа над Мајами Хит со 128:99. Џру Холидеј беше прв стрелец со 24 поени а во своето деби за новиот клуб, Џеј Краудер постигна 9 поени. На спротивната страна, својот прв настап за тимот од Флорида го имаше новодојдениот Кевин Лав кој имаше ноќ за заборав бидејќи не успеа да постигне ниту еден поен.
Актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс го победи Хјустон Рокетс со 116:101 а во отсуство на Стеф Кари, Клеј Томсон имаше одлична партија со 42 постигнати поени.
Во последниот натпревар рано утрово во Лос Анџелес, “Клиперси” го пречека Сакраменто Кингс и следеше поентерска експлозија од страна на двата тима.
По две продолженија натпреварот заврши со вртоглави 176:175 за “Кралевите”.
Прв стрелец кај победничката екипа беше Малик Монк со рекорд на кариерата од 45 поени а “Аll-Star” бекот Диерон Фокс постигна 42 поени.
Во своето деби за “Клиперс”, Расел Вестбрук реализираше 17 поени и 14 асистенции.
NBA FAN
Димитар Младеновски