Најинтересниот натпревар рано утрово се случи во “Ти-Ди Гарден”.
Бостон Селтикс го пречека Њу Јорк Никс.
Стартот на натпреварот им припадна на домаќините но, веќе на полувреме резултатот беше израмнет. Во вториот дел “Никси” го водеа темпото и во три наврати имаа 12 поени предност но, пред крајот на мечот “Селтикси” се вратија во игра. Неизвесноста постоеше до последните секунди и натпреварот отиде во продолжение.
Во дополнителните 5 минути игра, се играше “кош за кош”. Џулиус Рендл и Ар-Џеј Берет игра одлично. Кај домаќините најпрво Џејлен Браун имаше шанса да го израмни резултатот но, погоди едно од двете слободни фрлања. При водство на тимот од “големото јаболко” од 3 поени предност, Џејсон Тејтум имаше обид за тројка но, одбраната на гостите беше на висина на задачата. Победа на Њу Јорк од 120:117.
Џулиус Рендл беше прв стрелец на натпреварот со 37 поени а голема помош доби од Џејлен Брансон кој реализира 29 поени и 7 асистенции. На спротивната страна, Џејсон Тејтум беше најефикасен со 35 поени.
Иако го претрпеа третиот пораз по ред, “Келтите” се сеуште првопласирани на Истокот со биланс 35-15. Њу Јорк се наоѓа на седмата позиција со скор 27-23.
NBA FAN
Димитар Младеновски