NBA-Њу Јорк Никс е најжешкиот тим во лигата (ВИДЕО)

601

Го издвојуваме најинтересното од синоќешните NBA натпревари.

Навивачите на Њу Јорк конечно имаат причина за радост.
“Никси” рано утрово го прегазија Голден Стејт Вориорс (132-94) и стигнаа до својот 8-ми триумф по ред. Последен пат, тимот од “Големото јаболко” имал ваква победничка серија во сезоната 2013-2014.
Нa овој натпревар, “Никси” водеа од самиот почеток и голем број од играчите имаа лимитирана минутажа. Шест играчи имаа двоцифрен број на поени а водечки беа Имануел Кукли со 22 поени и Џејлен Брансон со 21 поен.

Феникс Санс го пречека Вашингтон Визардс и беше непријатно изненаден на свој терен.
Во неизвесен финиш, момците од главниот град славеа со 113-110.
Кајл Кузма беше прв стрелец со 29 поени а во чекор го следеше Бредли Бил со 27 поени.
Ова беше прва победа на “волшебниците” во последните 10 натпревари.

По ужасниот пораз во претходниот натпревар (кога примија 150 поени) Чикаго Булс се регрупира и успеа да победи во синоќешниот дуел со Мајами Хит (113-103).
Никола Вучевич го одигра најдобриот натпревар во досегашниот дел од сезоната реализирајќи “дабл-дабл” со 29 поени и 12 скокови.
Демар Дерозан постигна 24 а Зек Лавин 21 поен.

NBA FAN
Димитар Младеновски