NBA-Нова магија на Лука (ВИДЕО)

733

Интересен и возбудлив натпревар во “Американ ерлајнс” центарот. Далас Маверикс го пречека Бостон Селтикс. Следуваше меч исполнет со неизвесност до последните секунди.Уште во првата четвртина, домаќините стекнаа солидно водство од +13 поени. Течната колективна игра беше клуч за успех. Следуваше поенитрање во налет од страна на Џејсон Тејтум, забивања на Роберт Вилијамс со кој “селтикси” го топеа водството. На спротивната страна одговори, сеподобриот Џејлен Брансон со 8 поени во серија. Следуваа две тројки на Лука Дончич по што домашните на полувреме заминаа со +19 (57-38).Вториот дел од мечот беше една сосема нова приказна. Џејсон Тејтум како вистински лидер, го води “камбек”-от на “селтикси”. По тројката на Денис Шрудер, Бостон доаѓа до -2 (59-61). Дончич продолжува со прецизен шут, а Роберт Вилијамс го возвраќа ударот со доминација во домашниот рекет. Во последната четвртина, Далас водеше во најголемиот дел, пред се поради магичната игра на нивната словенска ѕвезда. Тројката на Маркус Смарт, го носи првото водство на Бостон (во текот на целиот натпревар) на 2 минути до крајот.Центарот Кристпас Порѕингис, забива од одбојка за 104-104, и влез во финалните 60 секунди од мечот. Следува добра одбрана на двете страни се до последните секунди од натпреварот. Лука Дончич стапува на сцена и погодува тројка (со парабола од левата страна) за конечен триумф. Лука беше прв стрелец на мечот со 33 поени, следен од Кристапс Порѕингис со 21 поен.

NBA FAN 

Димитар Младеновски