NBA-Одбраната на Бостон ги реши “воините” (ВИДЕО)

718

Рано сабајлево, “воините” и “келтите” ја продолжија својата финална пресметка.

По фуриозната прва четвртина и водството на домаќините од 11 поени предност (33:22) на полувреме “селтикси” отидоа со плус +12. Гостите од Калифорнија одиграа одлична трета четвртина, ја добија со 8 поени предност и ја вратија неизвесноста. Во последниот дел повторно проработе гранитната одбрана на Бостон и дозволи да прими само 11 поени, што беше клучно за триумфот од 116:100 и водство од 2:1.

Триото на “селтикси”, Браун-Смарт-Тејтум беше клучно за успехот. Џејлен Браун беше водечки со 27 поени, поен помалку (26) постигна Џејсон Тејтум а најдобриот одбранбен играч сезонава, Маркус Смарт постигна 24 поени. Натпреварот број 4 повторно се игра во “Ти-Ди Гарден”.

NBA FAN
Димитар Младеновски