Синоќа се одигра исклучително интересен меч помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис.
Гостите од Тенеси допатуваа со серија од 11 победи по ред.
“Лејкерси” одиграа одлична последна четвртина, постигнаа 41 поени и направија пресврт со што заслужено извојуваа тесна победа од 122:121.
Водечки кај домаќините беше Расел Вестрбук со 29 поени и 6 асистенции а Леброн Џејмс реализира 23 поени и 6 асистенции. Одлична игра пружи Германскиот репрезентативец, Денис Шродер кој постигна 19 поени (плус 8 асистенции и 8 скокови) а во клучните моменти успеа да украде топка и да положи за конечно водство и победа на тимот од “Ел-Еј”.
На спротивната страна, водечки беше Џа Морент со 22 поени и 8 асистенции а Брендон Кларк и Тајс Џонс постигнаа по 20 поени. И покрај поразот, “гризли мечките” се наоѓаат на втората позиција во Западот со скор 31-14 додека “Лејкерси” (сеуште) имаат негативен биланс од 21-25.
NBA FAN
Димитар Младеновски