Денес се враќаме назад, во 1996 година на првиот дуел помеѓу Чикаго Булс и Торонто Репторс, во Канада.
Биковите како огромни фаворити допатуваа за прв пат на официјален меч преку границата. Во “Скај дом” ги пречекаа над 36.000 гледачи и уживаа до последен момент. Во исклучително неизвесен меч на кој младите “рептили” пружија изненадувачки отпор, преовладеа квалитетот и непроценливото искуство на противникот. Како и безброј пати претходно, во главна улога беше Мајкл Џордан кој постигна 38 поени, следен од Скоти Пипен со 16.
На спротивната страна, фантастична партија пружи Дејмон Стадемаер реализирајќи “дабл-дабл” од 26 поени и 12 асистенции.
Токму ова првенство, Стадемаер ќе биде прогласен за дебитант на годината. Ветеранот Тони Масенбург постигна 17 поени а Трејси Мареј 14, недоволно за големо изненадување. Конечни 92-89 за Чикаго.
Ова беше една од (тогаш) рекордните 72 победи во регуларниот дел на првенството 1995-1996. Пет месеци подоцна, “Булси” ја освоија четвртата титула во тимската историја, по која што ќе следуваат уште две во серија.
NBA FAN
Димитар Младеновски