NBA-Се формира плејоф сликата

766

Заврши регуларниот дел на сезоната.

Познати се повеќето дуели во првата рунда. Плеј-ин турнирот помеѓу 7-мо пласираниот и 8-мо пласираниот какои 9-то и 10-то пласираниот тим за влез во плејофот ќе се одржи од 12-ти до 15-ти Април.

Во источната конференција првоплсасираниот Мајами и второпласираниот Бостон ги очекува своите противници. Ланскиот шампион Милвоки како третопласиран тим ќе го пречека шестопласираниот Чикаго а Филаделфија и Торонто ќе се судрат во дуел помеѓу четвртиот и петиот тим на истокот.

Во западната конференција, најдобриот тим во лигата Феникс Санс и второпласираниот Мемфис ги очекуваат своите противници по плеј-ин турниорт. Далас кој за прв пат по 2011 година ќе биде домаќин во првото коло ја пречекува Јута Џез, а Денвер Нагетс ќе се судри со Голден Стејт во еден од најинтересните дуели во првата рунда годинава.

NBA FAN
Димитар Младеновски