Лоши вест за NBA ветеранот Рејжон Рондо.
Двократниот NBA шампион има сериозни проблеми. 36 годишниот Рондо е обвинет дека при жестока расправа сериозно и се заканил на мајката на неговите деца, вперувајќи пиштол во нејзиното лице со закани дека ќе ја убие.
Според Ешли Бечлор која е (повеќе од една деценија) е во вонбрачна заедница со 15 годишниот NBA плејмејкер, оваа немила сцена се случувала пред очите на нивните деца. Според “TMZ Sports”, таа поднела барање за т.н. “итна заштитна наредба” во текот на претходната недела. Барањето спрема американската држава Луивул, содржи итна заштита над нејзе и нивните малолетни син и ќерка.
Веќе во текот на вчерашниот ден излезе информација дека судијата кој ја потпишал заштитната наредба, му наредил на Рондо привремено да остане на најмалку 500 метри подалеку од Ешли Бечлор и нивните деца. На Бечлор и е доделено привремено старателство над двете деца.
На Рондо му е наредено и привремено да му биде одземено огненото оружје, за кое има дозвола. Жестокоста на барањата беа главна причина за итноста на постапката. Тоа е едноставно привремена наредба се додека странките излезат пред судија и да ја аргументираат основаноста на заштитниот налог.
Пред неколку часа NBA излезе со официјално соопштение дека е запознаена со случајот и дека ќе ги очекуваат деталите околу евентуалната суспензија на четирикратниот All Star играч.
NBA FAN
Димитар Младеновски