Последниот ден од регуларниот дел на сезоната донесе една специфична (морбидна) ситуација.
Несекојдневниот настан се случи на мечот помеѓу Минесота Тимбервулвс и Њу Орлеанс Пеликанс. Руди Гоберт и Кајл Андерсон се степаа меѓу себе, за време на тајм-аутот на домаќините. По вербалниот дуел следуваше и размена на удари а брзата интервенција на соиграчите спречија посериозен инцидeнт. Францускиот центар, Гоберт беше веднаш исклучен од натпреварот.
Минесота успеа да го добие натпреварот со 113:108. “Волците” имаат разочарувачка сезона. Се пласира “плеј-инот” но, очекувањата на управата беа далеку повисоки. По прикажаното синоќа ниту тимските односи не се на некое завидно ниво.
NBA FAN
Димитар Младеновски