NBA со Димитар Младеновски-Богданович го украде шоуто (ВИДЕО)

746

Одличен дуел помеѓу трето пласираниот и четврто пласираниот тим во Источната конференција. Милвоки гостуваше во “Стејт Фарм” арената во Атланта. И покрај одличната игра на Јанис Антетокумпо, една друга интернационална ѕвезда го украде шоуто.Српскиот репрезентативец, Богдан Богданович, постигна 32 поени и 4 тројки во последната четвртина која беше пресудна за крајниот епилог. “Јастребите” во последниот период го надиграа ривалот од Висконсин (41-26) за конечни 111-104 за домаќините. Богданович ја игра најзрелата кошарка во досегашната кариера и по незгодната повреда потврдува дека се наоѓа во врвна форма пред плеј-оф завршницата.

NBA FAN

Димитар Младеновски