NBA со Димитар Младеновски-Драматични дуели до самиот финиш (ВИДЕО)

999

Мемфис Гризлис во неизвесен дуел го скрши отпорот на Сан Антонио Спарс. На домашен терен во “Фед Екс форумот” триумфираа со 100-96.Најмнгоу благодарение на (нашиот голем пријател) Јонас Валанчиунас, “гризли мечките” обезбедија дуел со Голден Стејт Вориорс, за последната 8-ма позиција која води во доигрувањето.

NBA колумна на Димитар Младеновски-Јонас Валанчиунас (ВИДЕО)

Литванскиот колос имаше монструозен дабл-дабл учинок, сочинет од 23 поени и 23 скокови. Импресивното “скокачко издание” е прво по она на Денис Родман (во 1991 година) на првиот меч од плеј-офот, играч да “зграби” над 20 скокови. Мемфис доби сериозна поддршка од бековскиот тандем Дилон Брукс и Џа Морент кој контрибуираа со 24 односно 20 поени.

Актуелниот шампион во натпревар кој беше повеќе од интересен и неизвесен до последните секунди, го порази поранешниот шампион, Голден Стејт Вориорс. Конечни 103-100 за “лејкерси” за пласман во плеј-офот, како и дуел со второпласираниот Феникс Санс. Леброн Џејмс повторно, беше во главна улога. Постигна трипл-дабл сочинет од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции но (најважно) ја погоди клучната тројка од преку 9 метри со кој ја осигура победата. Ентони Дејвис, во чекор го следеше својот лидер со 25 поени и 12 скокови. На спротивната страна, најдобриот стрелец во првенството, Стеф Кари постигна 37 поени кој не беа доволно за освојување на “Стејплс” цетарот.

NBA FAN 

Димитар Младеновски