NBA со Димитар Младеновски-Џулиус Рендл најмногу напредуваше (ВИДЕО)

945

Тимот на Њу Јорк Никс израмни во серијата со Атланта Хоукс на 1-1 во победи. Во интересен меч “никси” го одбрание домашниот терен, конечни 101-92. Нивната прва ѕвезда имаше повеќе причини за славје.Џулиус Рендл ја освои наградата за играч со најголем напредок сезонава. Оваа чест успеа да ја добие во конкуренција на Мајкл Портер јуниор од Денвер Нагетс и Џереми Грент од Детриот Пистонс. Крилниот центар сезонава просечно забележа 24 поени, 10 скокови и 6 асистенции со што беше најзаслужен за враќање на тимот од “големото јаболко” во плејофот по пауза од осум години.Најинтересниот момент се случи кога синот на Рендл, Кејден, му ја врачи наградата на својот татко. Момент кој никогаш нема да го заборави.

NBA FAN

Димитар Младеновски