NBA со Димитар Младеновски-Гризли мечките го елиминираа поранешниот шампион (ВИДЕО)

1111

Во натпревар кој директно решаваше кој тим ќе го обезбеди последното (осмо) место во доигрувањето, Голден Стејт и Мемфис ни понудија инстант класика. Регуларниот дел од мечот не беше доволен за да се реши победникот. По 48 минути неизвесна игра и дополнителни 5 минути игра, “гризли мечките” го освоија “Чејс” центарот.Мемфис започна фуриозно на самиот старт. Ја доби првата четвртина со 32-20 предводени од својот млад лидер, Џа Морент. “Воините” набргу ја враќаат неизвесноста по што следуваше неизвесно второ полувреме во кое тимовите се менуваа во водството. Ендрју Вигинс на 30 секунди до крајот го израмни резултатот а Дрејмонд Грин имаше шанса да го “реши” мечот но, промаши положување и со скор 99-99 се отиде во продолжение.Во дополнителниот период на теренот имаше само еден тим, Мемфис Гризлис. Џа Морент со 6 поени и 2 асистенции во дополнителните 5 минути го елиминира поранешниот шампион. Конечни 117-112 за тимот од Тенеси. Морент мечот го заврши со 35 поени и 6 асистенции. Беше следен од Дилон Брукс со 14, Грејсон Ален со 12 и Ксевиер Тилмен со 11 постигнати поени. На спротивната страна, Стеф Кари реализира 39 поени а Дрејмонд Грин имаше трипл-дабл учинок од 11 поени, 16 скокови и 10 асистенции кој не беа доволни за домашен триумф. Мемфис во првото коло ке игра против првопласираната Јута.

NBA FAN

Димитар Младеновски