Јута Џез го доведува еден од најатрактивните играчи во NBA.
Во овие моменти, се “финализира” размената помеѓу Јута Џез и Атланта Хоукс која кај “џезерите” ќе го доведе едно од атлетски најимпресивните крила во лигата, Џон Колинс. На спротивната страна заминува ветеранот Руди Геј како и идни избори од вората рунда на идните драфтови.
За Јута ова значи дека “преку ноќ” спојуваат фантастично крилно дуо во новодојдениот Колинс и играчот со најоголем напредок во претходното првенство, финскиот репрезантивец Лори Марканен.
За Атланта е “олеснување” што се ослободуваат од “дебелиот” договор на Џон Колинс, кој во наредните три години ќе заработи цели 78 милиони долари.
Но, ова може да претстаува само почетна фаза за “јастребите” кој се подготвуваат за целосен ремонт на тимот, по ланската неуспешна сезона. Тоа во превод значи и дека нивниот најдобар играч, Треј Јанг, би можел набрзо да ја смени средината.
Следното првенство Јута ќе се бори за што подобра позиција во “плеј-офот”.
Атланта е пред голема дилема каде нивните три најталентирани играчи (покрај Треј Јанг) ќе се најдат пред истекувањето на актуелните договори? Станува збор за Дежонтеј Мареј, Садик Беј и Оњека Оконгу чии обврски кон тимот од Џорџија истекуваат во 2024-та година.
NBA FAN
Димитар Младеновски