Од синоќешната NBA програма, го издвојуваме дуелот во Бруклин , помеѓу домашните “нетси” и младиот тим на Њу Орлеанс Пеликанс.Во натпревар на кој доминираа од почетокот до крајот, “мрежичките” триумфираа и избија на првата позиција во Источната конфернција. Убедливата победа од 139-111 го означи враќањето на нивниот лидер, Кевин Дурент по (скоро) двомесечната апстиненција од теренот поради повреда. Дурент постигна 17 поени за 19 минути поминати во игра. Она што посебно импресионираше е перфектната реализација, не промаши ниту еднаш, ги постигна сите пет обиди од поле и сите слободни фрлања. Кајри Ирвинг постигна 24 поени и реализираше 6 успешни додавања. Најновото засилување во тимот, ветеранот Ламаркус Олдриџ имаше искучително ефикасна ноќ. Поранешниот All-Star постигна 22 поени со одличен процент на шут од поле. Во тимот од Њу Јорк сеуште недостига нивната ѕвезда, Џејмс Харден кој се очекува да паузира уште минимум 10 дена. Тимот на стратегот Стив Неш сигурно гази напред и напредува секојдневно.
NBA FAN
Димитар Младеновски