Вистинска поентерска експлозија на мечот во “Ти-Ди” гарден. Регуларниот дел од натпреварот не беше доволен да се реши победникот. По дополнителни 5 минути игра, домаќините го одбранија домашниот терен. Конечни 145-136 за “келтите”.Мечот го одбележа маестралната партија на Џејсон Тејтум. All-Star крилото реализираше цели 53 поени – негов личен рекорд во кариерата. Воедно, Тејтум го сруши рекордот за најмлад играч на кое ова му пошло од рака. Тој стана најмладиот играч во богата историја на франшизата од Масачусец кој успеал да ја надмине границата од 50 поени, со само 23 годишна возраст. Сезонава игра најзрелата кошарка до сега, постигнувајќи во просек над 25 поени, 7 скокови и 4 асистенции по натпревар.
NBA FAN
Димитар Младеновски