NBA со Димитар Младеновски-Поентерска пресметка во Бостон (ВИДЕО)

901

Од синоќешните натпревари најмногу внимание привлече дуелот во “Ти-Ди Гарден” помеѓу домаќинот Бостон и гостите од Оукленд.Во возбудлив и неизвесен меч, последната четвртина беше пресудна за победникот. “Селтикси” одиграа одлична колективна кошарка и го одбранија својот терен (конечни 119-114). Натпреварот го одбележа поентерскиот дуел помеѓу поранешниот најдобар играч во лигата, Стеф Кари и младата ѕвезда од спротивната страна, Џејсон Тејтум. Тејтум имаше импресивен дабл-дабл учинок, сочинет од 44 поени и 10 скокови. Бекот поентер, Кемба Вокер, исто така имаше одлична партија постигнувајќи 26 поени. Од друга страна, Стеф Кари постигна 11 тројки и вкупно 47 поени, недовлно за гостински триумф на Голден Стејт Вориорс. Втор стрелец кај “воините” беше канаѓанецот Ендјру Вигинс кој постигна 22.

NBA FAN

Димитар Младеновски