NBA со Димитар Младеновски-Tрејд треска во NBA

1037

Вистинска експлозија од трансфери на играчи се случува во моментов. Најсилната копаркарска лига во Светот ке има еден поинаков изглед.
Што знаеме до сега за преодниот рок во NBA.

Никол Вучевич го напушта Орландо. Црногорскиот репрезентативец се сели во Чикаго а на спротивна страна, во тимот од Флорида доаѓаат Вендел Картер Јуниор, Ото Портер и два идни пика од првата рунда на наредните драфтови.Тројна трампа помеѓу Њу Јорк, Оклахома и Филаделфија. Лидерот на Истокот го добива искусниот бек Џорџ Хил. Њу Јорк го присвои младиот и талентиран Теренс Фергусон а ОклахомаСити ги доби младите Остин Риверс, Остин Риверс и идни пикови во втората рунда.Портланд не седеше со скрстени раце. Го ангажира Норман Пауел од Торонто а во спротивен правец го испрати двоецот бекови, Гери Трент Јуниор и Родни Худ.Бостон го ангажираше искусниот французки интернационалец, Еван Форние а Чикаго се засили со Германскиот центар Даниел Тајс.

Ерон Гордон конечно има нов клуб. Денвер е новиот дом на еден од најатрактивните играчи во лигата. “Нагетси” го доведоа и Џавејл МекГи од Кливленд а се ослободија од Гери Херис, идни пикови како и потенцијалот Ар-Џеј Хемптон. Четата на Јокич сериозно се зацврсти за следните борби.Лос Анџелес Клиперс конечно ангажираше (прав) плејмејкер. Рејжон Рондо се враќа во “Ел-Еј” но ке игра во друг дрес. На спротивна страна Лу Вилијамс ке има свој “кам-бек” во Атланта, средината каде имаше одлични сезони и стана најдобра резерва во NBA.Maјами Хит го ангажираше Виктор Оладипо. Овој потег на управата на “жешките” беше повеќе од очекуван имајќи во предвид дека веќе половина година се зборуваше за спојувањето на “Вик” со тимот од Флорида. Ланскиот шампион од Источната конференција не загуби премногу. Од вечерва нивни играчи повеќе не се Ејвори Бредли и Кели Олиник. Нов играч на Мајами е и искусниот Немања Бјелица.Шарлот Хорнетс се засили на поентерски план. Нов “стршлен” е искусниот Бред Уонамејкер.

Далас доби врвен шутер и ветеран во Џеј-Џеј Редик а за неговите услуги се откажа од Џејмс Џонсон и Вес Иванду.Останува да видиме што се не очекува до затворањето на трејд прозорецот.

NBA FAN

Димитар Младеновски