NBA со Димитар Младеновски-Вестбрук собори рекорд стар 47 години (ВИДЕО)

798

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме највозбудливиот натпревар. Индијана го пречека Вашингтон во својот “Бенкерс лајф филдхаус” и регуларниот дел од мечот не беше доволен за да се реши победникот.По дополнителни 5 минути игра, гостите од главниот град извојува значајна победа со конечни 133-132. Бредли Бил постигна 50 поени а на спротивната страна Керис Леверт 35. Освен поентерската експлозија на Бил, неговиот бековски партнер, Расел Вестбрук имаше уште едно импресивно “трип-дабл” издание. “Рас” постигна 33 поени, 19 скокови и 15 асистенции со што се израмни на вечната листа на најмногу “трипл-дабл” ефекти со легендарниот Оскар Робертсон.

Ова остварување на Вестбрук е вкупно 181 во неговата кариера, рекорд кој беше активен цели 47 години.

NBA FAN
Димитар Младеновски