NBA со Димитар Младеновски-Волшебна ноќ на Кевин Портер (ВИДЕО)

821

Од сииноќешната NBA програма го издвојуваме најголемото изненадување. Најслабиот тим на Западот, Хјустон Рокитс извојува победа на домашен терен против големиот фаворит, Милвоки Бакс. Конечни 143-136 за “ракетите” во натпревар со атомски офанзивна кошарка и рушење на еден голем рекорд.

Кевин Портер Јуниор постигна неверојатни 50 поени и имаше 11 успешни додавања. Погоди и 9 тројки. Со овој учинок стана најмладиот играч на кого тоа му пошло од рака со своите 20 години, надминувајќи го Леброн Џејмс. “Кралот” ваков учинок успеа да реализира на своја 23 годишна возраст.Портер имаше турбулентна година. Повеќепати беше казнуван. Го загуби своето место во Кливленд и беше разменет во Хјустон. Откако одигра цел месец во “втората” развојна лига (NBA G league) доби шанса во тимот од Тексас. Ја искористува на најдобар можен начин.

NBA FAN

Димитар Младеновски