NBA-Сонцата со победничка серија (ВИДЕО)

582

Феникс Санс продолжува со добра игра и ја чува лидерската позиција.

Синоќа на дуелот со Индијана Пејсерс, “сонцата” повторно ја презентираа својата сјајна офанзивна игра и забележаа победа од 113-103. Во натпревар каде нивниот најдобар играч (Девин Букер) немаше своја ноќ, прв стрелец беше Микел Бриџис со 23 поени следен од Крис Пол кој реализира 18 поени и 16 асистенции. Домаќините добија пријатно изненадување преку играта на ветеранот Бизмак Бијомбо кој постигна дабл-дабл со 21 поен и 13 скокови.

Тимот од Аризона има серија од 6 победи по ред и се наоѓа на врвот од NBA со скор 36-9.

NBA FAN 

Димитар Младеновски