NBA-Страшна партија на Кајри Ирвинг (ВИДЕО)

489

Кајри Ирвинг имаше фантастична партија на гостувањето во Шарлот.

Сјајниот плејмејкер постигна 50 поени, погоди 9 тројки и имаше 6 асистенции во победата на Бруклин од 132-121. Ова е пети пат како Ирвинг ја надминува границата од 50 поени на еден меч. Со ова достигнување стана 22 играч во историјата на лигата на кого тоа му пошло од рака.

Одлична партија пружи и центарот Андре Драмонд кој постигна 20 поени и 14 скокови. “Мрежичките” ја прекинаа црната серија од четири порази по ред. Во моментов имаат 50% успешност во соодносот на победи и порази (33-33) и се наоѓаат на осмата позиција во истокот.

NBA FAN

Димитар Младеновски