Еден од најинтересните натпревари од синоќешната NBA програма беше Тексашкото дерби помеѓу Далас Маверикс и Сан Антонио Спарс.
Во исклучително возбудлив финиш фаворитот извојува победа од 126:119.
Лука Дончич имаше инзвонредно отварање на сезоната остварувајќи “трипл-дабл” учинок. Словенскиот репрезентативец постигна 33 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Кајри Ирвинг беше втор стрелец кај “Мавси” со 22 поени а одличен дебитантски настап во новиот дрес имаше новодојдениот Грент Вилијамс со 17 поени како и дебитантот Дерек Лајвли кој во својот прв професионален натпревар оствари “дабл-дабл” со 16 поени и 10 скокови.
Кај домаќините, своето професионално деби го имаше првиот пик Виктор Вембањама кој за 23 минути поминати на теренот постигна 15 поени. Прв стрелец кај “спарси” беше Девин Васел со 23 поени.
Натпреварот беше неизвесен. Во првото полувреме, домаќините го имаа водството а во вториот дел Далас го диктираше темпото и ја презема контролата. На крајот клучно беше искуството за прва победа на “Маверикс” во новата сезона во која влегуваат со големи амбиции по разочарувачкото ланско првенство.
NBA FAN
Димитар Младеновски