NBA-Воините добиваат натпревари по само едно полувреме (ВИДЕО)

913

Тимот на Голден Стејт Вориорс синоќа го пречека Детроит и ги реши “пистонси” уште во првото полувреме. “Воините” првиот дел го добија со плус 28 и без никаков притисок играше во остатокот на мечот. Крајниот резултат (102-86) не го ни доловува доминантниот стил со кој играа играчите од Калифорнија.Прв стрелец на натпреварот беше Клеј Томсон со 21 поен (за само 22 минути поминати во игра), следен од Ендрју Вигинс со 19 и Стеф Кари со 18 поени и 8 асистенции. Во второто полувреме стартерите беа повлечени од игра поради огромната предност а шанса за докажување добија останатите. Со новиот триумф Голден Стејт има сооднос од 32-12 и се наоѓа на второто место во западната коференција.

NBA FAN

Димитар Младеновски