Голден Стејт Вориорс е на чекор до трофејот.
Рано утрово на домашен терен “воините” го совладаа Бостон Селтикс со 104:94 за водство од 3:2 во победи во големото финале. Домаќините до триумфот дојдоа предводени од препородениот Ендрју Вигинс кој реализира дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока. Клеј Томпсон постигна 21 поен, а Стеф Кари додаде 16 поени и 8 асистенции.
Триумфот е уште поинтересен бидејќи Стеф Кари (првпат во кариерата) не даде ниту една тројка на еден натпревар и на тој начин ја прекина серијата од 132 натпревари со најмалку еден погоден удар вреден три поени.
На полувремето Бостон губеше со 12 поени разлика, но во третиот период постигна дури 35 поени и направи пресврт. Последната четвртина домаќините одиграа фантастично и сосема заслужено стигнаа на чекор до титулата.
Бостон ќе биде домаќин на шестиот натпревар, а истиот се игра на 17 јуни со почеток од 03.00 часот по полноќ.
NBA FAN
Димитар Младеновски