NBA-Враќањето на познатите ликови (ВИДЕО)

629

Оваа сезона (како и многу пати претходно) бевме сведоци на нови интересни NBA приказни.

Ленс Стивенсон кој цела деценија настапува во NBA како и Ајзеа Томас кој е девет години професионалец, повторно добија шанса да заиграат на местото каде што ги имаа своите најсветли моменти.

Двајцата ветерани покажаа дека сеуште имаат многу да понудат и дека заслужено се вратија во најсилната лига на Светот. Поврзаноста на Стивенсон и Индијана е една од најсилните во NBA а Томас по кратката епиозода во Далас и Лос Анџелес Лејкерс, конечно доби можност за игра во Шарлот каде ја потсети јавноста на својот неспорен офанзивен арсенал.

Уживајте во најубавите моменти од повратниците на големата сцена.

NBA FAN
Димитар Младеновски