Од синоќешната NBA програма, го издвојуваме дуелот во Солт Лејк Сити. Јута Џез го пречека Мајами Хит.
Тимот од Флорида имаше три порази по ред, и беше решен да стави крај на црната серија. Тоа и го стори на импресивен начин. Во натпревар на кој (во еден момент) “жешките” водеа и со 27 поени предност, апсолутно заслужено стигнаа до гостински триумф (111-105).
Двоецот шутери, Тајлер Хироу и Данкан Робинсон, беа поенерски лидери со 27 и 22 постигнати поени. Кајл Лаури повторно одлично го организираше нападот на Мајами а постигна и 21 поен. На спротивната страна најмногу се истакна хрватскиот репрезентативец, Бојан Богданович, кој постигна 26 поени. Со ова достигнување, Богданович, ја надмина границата од 8000 поени во кариерата. Пред него е само легендарниот Тони Кукоч кој е единствениот хрват со повеќе поени (9810 поени).
Со победата, Мајами се наоѓа на петата позиција во Истокот со скор 8-5, а со идентичен скор, Јута ја завзема шестата позиција во Западната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски