Радикален потег би бил доколку Баерн Минхен го назначи Жозе Мурињо за нивни тренер.
Познато е во јавноста дека врвот и управата на баварскиот клуб, воопшто не се љубители на фудбалот кој го носи Муруњо со себе, но денешните медиуми пишуваат дека Хасан Салихамиџиќ во името на Баерн, е во преговори со Жозе Мурињо, кој неодамна најави дека се враќа.
За Мурињо првично се шпекулираше дека ќе се пресели во Реал, но таму дојде Зидан, а се шпекулираше и за Интер, но тоа е како опција „Б“, и доколку тоа не се оствари, Мурињо ако стане тренер на германскиот гигант, ќе има за што да оди таму, пред себе ќе има голем предизвик.
Специјалниот е човек кој во 4 земји досега има освојувано првенства, а во Бундеслигата досега нема работено, па и тоа ќе му биде предизвик, во петтата земја да стане шампион, ако денешните информации се веродостојни.