Не фрлајте ја: Кората од лимон е поздрава и од лимоновиот сок, а помага во лекување на бројни болести

488

Верувале или не, кората од лимон е поздрава и од лимоновиот сок, но многу е важно истиот да има органско потекло.

Витамините А и Ц, калциумот, калиумот и влакната во кората од лимонот ја потпомагаат работата на срцето, мускулите, очите, нервниот систем и дигестивниот тракт.

Од друга страна, полифенолите кои ги содржи самата кора имаат својство на силни антиоксиданси кои можат да се користат во текот на лекувањето на разни болести, меѓу кои и канцер.

Затоа кога следен пат ќе цедите лимон, сетете се на овие предности, а единствен предуслов е цитрусот да биде од органско потекло.

Калциумот и витаминот Ц помагаат во одржување на здравјето на забите и коските, а само 100 грама кора од лимон обезбедува нешто повеќе од 13 отсто од дневната потреба на возрасен човек за калциум. Витаминот Ц има улога во синтеза на колагенот кој е есенцијален за здравјето на лигаментите, тетивите, кожата и ’рскавиците.

Ова се дел од здравствените придобивки од кората од лимон:

– го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта

– лимоновото масло кое се добива од кората е богато со д-лимонен, антиоксиданс кој се покажал како одлично средство во борба против ракот на дојка и дебело црево

– се препорачува на лицата кои страдаат од нередовна столица, желудочен чир и желудочна киселина

– го намалува ризикот од појава на дијабетес

– го забрзува зараснувањето на рани

– помага во одржување на оптималната телесна тежина