Дежурни екипи на Инспекторатот на град Скопје синоќа во напуштен објект во близина на Скопски саем лоцирале палење на отпад од страна на лице во алкохолизирана состојба.
– Се работи за лице познато на полицијата кое во изминатиов период секојдневно го повторува делото, истото е приведено. Веднаш беа повикани противпожарните екипи од Пожарна Скопје кои го изгасија огнот. Во текот на утрешниот ден ќе биде известен Центарот за социјални работи Скопје, информираат од Инспекторатот.