Кога се прочу дека францускиот актер ја пронашол својата нова девојка, сите се прашувале која е жената која што може да ја замени една Моника Белучи.
На почеток никој не ни помислувал дека романсата меѓу Винсент Касел и младата Тина Кунаки ќе трае подолго од една седмица.
Разликата во нивните години е 31, но сепак францускиот актер и италијанската манекенка заедно се повеќе од шест години. Тина вели дека е пресреќна покрај Касел, додека тој задоволно се смешка.
Касел живеел со италијанската филмска ѕвезда Моника Белучи 18 години. Кон крајот на месец август 2013 година, италијанските новински агенции известија дека најмоќниот филмски пар се разведува.
Од 2013 година актерот одлучил да се пресели во бразилски Рио де Жанеиро, па судејќи по многу работи причината за распаѓањето на бракот со Моника била и тоа што таа не сакала да се пресели во Бразил кој што Касел многу го сакал.
Касел и Тина се запознале на Ибица за време на празниците. Манекенката еднаш споменала дека не знаела дека тој е врвен актер.
„Ние сме само двајца луѓе кои што се затекнаа на исто место во исто време, додека пак привлечноста беше обострана. Ова е едно од оние прекрасни изненадувања кои што се случуваат во животот“, објаснила Тина.
Како и Моника Белучи и Тина е порасната во Италија. Татко ѝ е родум од Мароко, а мајка ѝ е родена и порасната во Сицилија. Како што вели таа, нејзините родители се заедно повеќе од 25 години, а што се однесува до бракот нивната заедница за неа е идеал и пример.
„Мојата мајка е нежна, никогаш не хистеризира, вистинска Италијанка. Татко ми е строг, но тој е вистинската личност на која што ѝ се обраќам кога ми е потребен совет“.
Како и Белучи, така и Тина започнала да се занимава со моделинг.
Тина во август 2016 година на социјалните мрежи објавила заедничка фотографија со Касел која што настанала на плажа на Ибица. Коментарите биле страшни – многумина го критикувале актерот поради нивната разлика во годините.
За тоа време Касел молчел и не давал никакви изјави за списанијата, а се пишуваше и дека Кунаки не знаела каква ѕвезда е Касел кога го запознала.
Првото заедничко појавување во јавноста се случило на 30 ноември 2016 година. Парот прошетал на црвениот тепих, додека Касел задоволно се смешкал.
Тина обожува на социјалните мрежи да споделува разголени фотографии, а на Касел тоа воопшто не му пречи. Тој нејзините фотографии често ги коментира со зборовите: „Мојата љубов“ или пак „Те обожувам“.
Парот се венчаше во 2018 година, а минатата година ја добија и својата ќерка.
Касел кој што важи за човек кој што ја чува својата интима, веќе со години со задоволство објавува фотографии на кои што ја опишува Тина: „Таа е моја“, или пак некои љубовни стихови:
„Овој живот е танц од почеток до крај. Среќен сум и само Бог ја разбира мојата радост. Во неа гледам сè што сакам“.