Многу е лесно да се најде причина за излежување пред телевизорот кога не ви се вежба
1. „Уморна сум“
Најчестиот изговор за да не се вежба е секако заморот. Некако ви се чини дека по напорниот ден на работа, последното нешто што ви треба е пресоблекување, потење и доаѓање дома во вечерните часови. Уживањето во фотелја со чаша вино делува попривлечно. Но физичката активност е незаменлива за физичкото, но и психичкото здравје.
2. „Ми излезе некоја работа“
Прекувременото и понекогаш хаотичното работното време е идеална причина за да не се отиде на вежбање. А треба и малку да се подружите со пријателите. И покрај тоа, со малку труд, може да пронајдете барем 45 минути дневно за вашето тело. Со оглед на тоа колку го малтретираме телото со неприродната канцелариска положба во текот на денот, мора да се согласите дека заслужува малку истегнување и зацврстување.
3. „Ќе одам утре“
Класичен изговор! Ако не сте отишле денес, нема да одите ни утре, ни следната недела, а ни следниот месец.
4. „Предебела сум“
Со овој изговор само ќе се затворите и нема да добиете ништо. А ако мислите дека некој ќе ги коментира вашите бутови, задник или стомак во салата за вежбање, сте се излажале. Сите се подеднакво несигурни во својот изглед, а покрај тоа, не сме веќе во основно училиште.
5. „Не сум ги избричила нозете“
Никогаш не се знае кој ќе ве погледне, уште ако инструкторот е згоден… Бричот во раце, тренерките на нозе и подготвени сте за вежбање.
6. „Веќе вежбав“
Има толку многу активности што може да ги направите во текот на денот. Качување по скали, одење по продавници, домашни обврски и што уште не! Ова е многу лош изговор.
7. „Немам доволно јадено“
Недоволното внесување храна за многумина е многу добра причина за одмор и неактивност. Тоа не е пожелно, ниту здраво, а слабеењето со таков начин на живот и онака е привремено.
8. „Ме боли глава“
Знаеме за што најчесто се користи овој изговор. Но немојте да го користите во ниту еден случај, па ни за вежбање.
9. „Колеги од работа одат таму“
Нема ништо полошо од тоа да се потите пред вашите надредени. Се согласувам, но има толку места во градот каде што вашиот шеф сигурно не оди.