Блиските другарки, пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска повторно не се во добри односи.
Како што дознава тимот на „Убавина и здравје“, двете другарки овој пат не сакаат очи да си видат една со друга, а причината наводно била – изневерена доверба.
Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.
Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги”, ни изјави нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.
Ова не е првпат двете другарки да се скараат. Двете не беа во добри односи и пред неколку години, а се шпекулираше дека односите ги расипале пред венчавката на Тамара со Александар, па затоа Катарина ја немаше улогата на старосватица.